24фудбал

Клоп му оддржа лекција на еден од помошниците кој прослави црвен картон: Луд ли си? Ние не го правиме тоа тука! (ВИДЕО)

Интересен момент се случи во таборот на Ливерпул кога играчот на Челси, Кристенсен доби црвен картон.

Англија

Пред крајот на првото полувреме Челси остана со играч помалку откако дефанзивецот на домаќините, Кристенсен заработи црвен картон.

Во тој момент некој од таборот на Ливерпул се израдува на судиската одлука, но тоа не му се допадна на Клоп.

Германскиот стратег се сврте кон тој што се израдува и му рече: „Луд ли си? Навистина? Никогаш не го прави тоа!“.