24фудбал

Гундоган заразен со Ковид-19

Пеп Гвардиола ќе биде без уште еден од клучните фудбалери во својот тим во првиот меч од новата сезона од Премиерлигата, првото коло го пропуштија поради тоа што се задржаа нешто повеќе во европските купови, па стартуваат директно во второто коло.

Англија

Манчестер Сити го прескокна првото воведно коло во Премиерлигата, па вечерва стартува во новата сезона со гостинскиот дуел кај Вулверхемптон во второто коло, а од комбинација отпадна и Илкај Гундоган.

Гундоган стана третиот фудбалер заразен со Ковид-19 во таборот на англискиот вицепрвак, откако „Граѓаните“ претходно објавија дека позитивни на тестовите на заразата беа Ријад Марез и Ејмерик Лапорт месецов.

Сепак, самиот Гвардиола јавно посочи дека Марез ќе биде во комбинација за настап вечерва откако му помина десет дневниот период на изолација, меѓутоа Лапорт ќе отсуствува бидејќи во доцна фаза се приклучил на тренинзите.

Манчестер Сити може да потврди дека Илкај Гандоган беше позитивен на тестирањето за Ковид-19. тој ќе биде во изолација во период од десет денови, што воедно е дел од протоколот утврден од властите и од Премиерлигата, сите му посакуваме брза рехабилитација“ стои во соопштението на Манчестер Сити.