24фудбал

Поранешна ѕвезда на Холандија за Ван Дајк: Тој е мрзелив, ноншалантен...

Бројни се критиките на сметка на дефанзивецот на актуелниот првак на Англија, за кого многумина сметаат дека е најдобриот на својата позиција во моментов во светот на фудбалот.

Англија

Столбот во одбраната на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е наречен „мрзелив и ноншалантен“ од страна на поранешниот репрезентативец на Холандија, Вим Кифт, кој алудира на тоа дека Ван Дајк мора да остане приземен.

Тој не е ништо посебно, со дресот на Холандија и Ливерпул се однесува како завршена ѕвезда во светот на фудбалот, еден одличен тренер-лидер на тимот, кој покажува премалку на теренот како да не сака да игра со своите соиграчи  вели Кифт кој во дресот на „Лалињата“ постигна 11 погодоци на 41 настапи.

Истовремено, тој игра доста мрзеливо, се однесува ноншалантно, прави многу грешки и често остава голем простор за противниците со неговите погрешни уфрлања во офанзивниот дел од играта, со неговиот статус, тој би требало да биде во првата борбена линија“ додава поранешниот фудбалер.