24фудбал

Видал се збогуваше со Барса: Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце (ФОТО)

Чилеанецот потпишува две годишен договор со „Нероаѕурите“ каде ќе игра под кормилото на Антонио Конте, со кого соработуваше во Јувентус, во договорот инаку постои и опција за дополнителни 12 месеци.

Шпанија

Артуро Видал се сели во редовите на Интер, а во пресрет на официјализацијата на неговиот трансфер тој упати и една порака до сите навивачи на Барселона, како и самиот клуб, наведувајќи дека е благодарен на искуството во каталонскиот клуб, а додавајќи дека истиот засекогаш ќе остане во неговото срце.

Денеска јас им велам збогум на сите во Барселона, имав две прекрасни години во овој голем клуб, многу сум среќен што дојдов до овој дрес и што играв со одлични фудбалери крај себе, истовремено и добри луѓе“ стои во неговата порака.

Би сакал да се заблагодарам на моето семејство, моите соиграчи, стручниот штаб, како и прекрасните навивачи кои секогаш ми покажуваа почит, денес почнувам со еден нов предизвик во мојата кариера, но Барселона засекогаш ќе остане во моето срце, се гледаме наскоро, а како и секогаш, Напред Барса!“ додаде тој во своето писмо.