24фудбал

Хрватска продолжува без Ракитиќ во иднина: Ова беше најтешката одлука во мојата кариера

За повеќето во Хрватска оваа одлука на старо-новиот фудбалер на Севилја доаѓа како големо изненадување ако се навратиме на неговите изјави, како и да е, самиот Ракитиќ верува дека „Коцкестите“ и натаму ќе можат да бидат успешни, па и без него.

Останато

По 106 одиграни натпревари во дресот на актуелниот светски вицепрвак Хрватска, како и постигнати 15 погодоци, 32 годишниот Иван Ракитиќ кој во новата сезона се врати во Севилја, стави крај на настапите во хрватската национална селекција.

Како што пишува хрватски „24сата“, оваа вест е изненадувачка, првично поради тоа што Ракитиќ пред неколку месеци јавно наведе дека сигурно ќе настапи за „Коцкестите“ на идното Европско првенство, меѓутоа неговата одлука сега е променета, а за истата тој тврди дека е најтешката во неговата кариера.

Ова ми е најтешката одлука во кариерата, но почувствував дека ова е вистинскиот момент кога морам да ја донесам таа одлука, уживав во секој натпревар кој го одиграв за својата татковина, а незаборавните моменти од Светското првенство ќе ми останат како дел од омилените спомени во мојот живот“ се вели во изјавата на популарната „Ракета“.

Убеден сум дека и понатаму можеме да имаме одличен тим кој го чека светла иднина, на своите пријатели и соиграчи во репрезентацијата им ја посакувам сета спортска среќа во наредните предизвици, а во мене ќе имаат најголем навивач“ додава Ракитиќ во изјавата за официјалниот сајт на куќата на фудбалот на Хрватска.