24фудбал

ПСЖ не се шегува, ја зголемува понудата за Кулибали

Доколку се потврдат информациите на „Телеграф“, не би било никакво изненадување да проследиме голем трансфер во периодот кој претстои, а се чини дека Манчестер Сити веќе ја губи трката за Сенегалецот.

Франција

Францускиот првак ПСЖ и покрај фактот што го има Манчестер Сити како голем конкурент за еден од најбараните дефанзивци во моментов, членот на Наполи, Калиду Кулибали, се чини дека е на добар пат да го повлече финалниот потег и да ги реши сите дилеми.

Како што информира „Телеграф“, од ПСЖ се подготвуваат да ја зголемат понудата за Сенегалецот со тоа што ќе станат главни фаворити за неговиот потпис, а весникот тврди дека од Париз се подготвени да понудат до 80 милиони евра за дефанзивецот.

Доколку се остварат најавите, сумата би ја достигнала онаа бараната од страна на Наполи, а познато е дека 29 годишниот Кулибали веќе е поставен на листата на фудбалери во Наполи кои би можеле да бидат продадени, и тоа од првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис, меѓутоа само доколку се постигне нивниот главен услов.

Претходната понуда на ПСЖ за услугите на Кулибали изнесуваше 50 милиони евра, нормално, истата беше категорично одбиена од страна на Наполи.