24фудбал

Два гола на Ибрахимовиќ за старт со три бода на Милан (ВИДЕО)

Милан со 2-0 ја победи Болоња на стартот од новата сезона во Серија А, Златан Ибрахимовиќ беше стрелец на двата погодоци за росонерите.

Италија

Милан победнички ја стартуваше сезоната, тимот на Пиоли доминираше на теренот против Болоња и заслужено запиша три бода.

Резултатот беше отворен во 35. минута кога по центаршут од Тео Хернандез, Златан Ибрахимовиќ беше највисок во скокот и погоди со глава за водство од 1-0.

По пет минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Милан кој го реализираше Ибра за 2-0 што беше и конечен резултат.

Ибрахимовиќ можеше да постигне и хет-трик но успеа да промаши празен гол откако го помина и голманот на Болоња.