24фудбал

Ибрахимовиќ: Да бев 20 години помлад...

Златан Ибрахимовиќ со два гола му донесе стартна победа на Милан во Серија А, вели дека да бил 20 години помлад сигурно ќе дал уште два.

Италија

Ибра следниот месец полни 39 години, но се уште игра на највисоко ниво постигнува голови. Вечерва со два погодоци му донесе победа на Милан против Болоња од 2-0.

„Во добра форма сум, работам, ова е втор компетативен натпревар оваа сезона. Победивме, но можев да постигнам и повеќе. Да имав 20 години, ќе дадев уште два гола“, вели Ибрахимовиќ.

„Не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон, сум се родил стар и ќе умрам млад! Шалата настрана, тимот одигра добро, се уште не сме 100 проценти подготвени и направивме некои грешки кои вообичаено треба да се избегнат, но добри бевме“.

„Целта е да бидеме подобри од минатата сезона. Младите играчи работат напорно, слушаат, имаат дисциплина и по минатите шест месеци знаат дека треба да бидат дисциплинирани за да бидат добри, да бидат концентрирани секој ден“.

„Оваа година треба да одиме од натпревар на натпревар, да играме со самодоверба и секој меч да го третираме како куп финале“.

„Сакам да имам одговорност. Најголем ми е притисокот кој сам си го ставам себеси. Не сакам луѓето да зборуваат за моите години, сакам да бидам третиран на исто ниво како и сите. Не е важно дали имам 38, сакам да бидам третиран како некој кој има 20 и да тренирам исто како него“.