24фудбал

Неверојатно: Полицијата отвори истрага, Суарез мамел на тестот за италијански пасош!

Од Италија пристигнуваат неверојатни вести, полицијата и обвинителството отвориле истрага за тестот кој Луис Суарез го полагаше во Перуџа за добивање италијански пасош, наводно Уругваецот мамел и предвреме ги добил прашањата кој требал да ги одговори.

Италија

Луис Суарез пред неколку недели постигна договор со Јувентус за преселба во Торино, но „старата дама“ немаше место за фудбалери надвор од ЕУ, па напаѓачот започна процедура за добивање италијански пасош и беше во Перуџа да полага тестови.

Трансферот пропадна, но медиумите од Италија сега пишуваат за скандал. Пронајдени се одредени нерегуларности во тестот на Луис Суарез па полицијата и обвинителството отвориле истрага.

Наводно Уругваецот однапред го добил тестот, односно биле договорено какви прашања тој ќе добие и какви одговори треба да даде. Дури предвреме се знаеле и бодовите кои ќе му бидат доделени на фудбалерот.