24фудбал

Интер го потврди трансферот на Видал, коронавирусот ја стопи цената на Чилеанецот од 20 милиони на 1 милион

Артуро Видал и официјално е фудбалер на Интер, Чилеанецот стави потпис на двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци, Барселона од трансферот ќе добие 1 милион евра во бонуси.

Италија

По долги преговори, Артуро Видал конечно е играч на Интер. Чилеанецот во неделата пристигна во Милано, во понеделникот ги помина редовните лекарски прегледи, стави потпис на документите и денеска пристигна официјалното соопштение.

Коронавирусот ја стопи неговата цена, во јануари Барселона на Интер му бараше 20 милиони евра, а сега „каталонците“ го пуштија за 1 милион, пари кои ќе бидат платени во форма на бонуси.

Артуро Видал од Интер доби двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци.