24фудбал

Л'Екип ги открива плановите на Мбапе за неговата иднина

Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ, сака да замине следното лето, кандидати за неговиот потпис се Ливерпул и Реал Мадрид.

Франција

Најголемиот француски спортски весник „Л'Екип“ објавува дека Килијан Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ и сака да замине од клубот, а веројатно тоа ќе биде во некој од Ливерпул или Реал Мадрид.

ПСЖ уште во ноември му понуди нов договор, но Мбапе одбива да се изјасни. Актуелниот договор на фудбалерот со клубот трае до јуни 2022 година, па по завршувањето на оваа сезона голема е веројатноста да биде продаден доколку не биде убеден да остане.

Ливерпул би бил заинтересиран за Мбапе. Јирген Клоп се обиде да потпише со него уште во 2022 година, а Французинот има голема почит за германскиот стратег.

Но интерес има и од Реал Мадрид, адут на кралскиот клуб ќе биде Зинедин Зидан кој својот сонародник го познава и лично. 

Францускиот вест додава дека Зидан и во овој преоден рок ги сакал Пол Погба, Едвардо Кампавиња и Килијан Мбале, но поради коронавирусот нема да му бидат донесени овие играчи, па доколку состојбата биде подобра Реал Мадрид ќе се обиде да ги купи следното лето.

Не е исклучена ниту можноста ПСЖ сепак да го убеди Мбапе за продолжување на договорот, но засега останува тоа дека желбата на фудбалерот е да заигра во нова лига, да побара нов предизвик во некој од фудбалските гиганти.