24фудбал

Рома на бизарен начин го прекрши протоколот, службена победа за Верона

Верона и Рома одиграа неатрактивен меч кој на крајот заврши без погодоци на обете страни, меѓутоа по административен пат на крајот домаќините се тие кои на крајот се израдуваа на победа.

Италија

Верона и Рома одиграа без голови во воведното прво коло од италијанската Серија А, меѓутоа една доста необична ситуација донесе домаќинот на крајот по службен пат да го добие мечот со 3-0.

Амаду Дивара играше седо 89. минута кога беше повлечен од игра, па токму Сенегалецот излезе кобен на крајот по бизарната замисла на Рома, која го пријавила 23 годишниот фудбалер како фудбалер до 22 години.

Дивара не бил регистриран како сениорски фудбалер на листата, на која имало празни места за дури четворица во сениорскиот состав.