24фудбал

Јувентус го закажал тестот на Суарез во Перуџа, но „старата дама“ не фаќала врски да го положи

Полицијата откри дека Јувентус го закажал тестот на Луис Суарез во Перуца но во моментов не се води истрага против „старата дама“ и нема докази дека некој од таборот на „бјанконерите“ фаќал врски за Уругваецот да положи.

Италија

Денеска беше објавено за голем Скандал, Луис Суарез мамел на тестот за италијански јазик како дел од процедурата за италијански пасош. Од прислушкуваните разговори се слуша како Уругваецот мора да положи бидејќи го чека плата од 10 милиони евра по сезона.

Полицијата сега открива дека Јувентус го закажал тестирањето во Перуџа но во моментов не се води истрага против „старата дама“ и нема докази дека некој од таборот на „бјанконерите“ фаќал врски за напаѓачот да положи.

„Јувентус го организираше тестирањето, но во моментов не се води истрага против нив. „Бјанконерите“ сакаa да го регистрираат играчот и Универзитетот прифати да го организира тестирањето. Проблемот настанал кога луѓето од Универзитетот сфатиле дека играчот нема никакво познавање од италијански јазик“ - вели полковникот Селваџо Сари.

„Формално, тој доби диплома за средно ниво, но откривме дека се било однапред договорено“.

„Сепак немаше притисок од надвор, Јувентус во моментов не e под истрага, ќе видиме што се ќе случи понатаму. Луѓето кои работат на Универзитетот го сториле тоа на своја рака. Суарез не ризикува казна, во фокусот се луѓето од Универзитетот. Ги истражуваме уште од февруари месец поради низа неправилности“.