24фудбал

Барселона попушти, Суарез оди во Атлетико, двата клуба си подадоа рака

Постигнат е договор меѓу Барселона и Атлетико Мадрид за Луис Суарез, тој утре треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот.

Шпанија

Завршува сагата на Луис Суарез, тој наскоро ќе стане нов напаѓач на Атлетико Мадрид, откако вечерва двата клуба постигнале договор.

Атлетико Мадрид нема да плати обесштетување за Суарез, но ќе исплати бонуси во зависност од остварување на некои полесни цели. Сумата ќе биде меѓу два и три милиони евра.

Бартомеу не сакаше да го пушти Суарез во ривалски тим каков што е Атлетико Мадрид, па потоа навидум го омекна ставот но постави барање кое беше јасно дека ќе биде одбиено, 10 милиони евра побара да плати Атлетико.

Тие ставија јасно дознаење дека нема да платат ниту евро, па Бартомеу сфати дека е попаметно да се ослободи од големата плата на Суарез и да заработи 2-3 милиони евра за негов трансфер отколку да го држи во клубот и тој следното лето да си замине како слободен играч.