24фудбал

Официјално: Мората се врати во Јувентус, познати се деталите за трансферот

Јувентус го потврди ангажманот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид и ги објави деталите од договорот со шпанскиот клуб.

Италија

27-годишниот шпански напаѓач се враќа во Јувентус каде што досега остави најголем впечаток од сите клубови за кои играше во изминатите години.

Тој ќе игра на позајмица во следната сезона со можност да биде целосно откупен.

Јувентус ги објави деталите од договорот со Атлетико Мадрид за Мората.

Мората оваа сезона ќе игра на позајмица која ќе го чини Јувентус 10 милиони евра, по завршувањето со доплаќање на уште 45 милиони евра можат комплетно да го откупат. Таа сума би ја плаќале на три годишни рати.

Јувентус има право да активира позајмица на Мората и за следната сезона, тоа ќе го чини дополнителни 10 милиони евра. Во еден таков случај по завршувањето на сезоната 2021/22 тие ќе можат да го откупат за 35 милиони евра, сума која исто така ќе може да биде плаќана на три годишни рати.