24фудбал

Мата почна, Рашфорд и Гринвуд го довршија Лутон за пласман во осминафинале

Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето од Лига Купот откако со 3-0 победија на гостувањето кај Лутон.

Англија

Резултатот изгледа убедливо, но не беше таква победата, Манчестер јунајтед се помачи за да дојде до победа против Лутон.

Јунајтед поведе пред самиот крај на првото полувреме со гол на Мата од пенал.

Резултатот долго време беше 1-0, на десет минути пред крајот Солскјер реши во игра да ги стави Гринвуд, Фернандеш и Рашфорд.

Потоа следуваше една маестрална интервенција на голманот Хендерсон кој го имаше своето деби за Јунајтед, спаси Лутон да изедначи на 1-1.

Мечот беше решен во 88. минута кога Рашфорд погоди за 2-0, а во судиското продолжение гол постигна и Гринвуд за победа од 3-0.