24фудбал

Куман го добива првото засилување, Барселона ја доби битката со Баерн за Сержињо Дест

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона и Ајакс си подале рака за ангажман на Сержињо Дест, 19 годишниот десен бек е замена за Нелсон Семедо, кој се сели во Вулверхемптон.

Шпанија

Роналд Куман ќе го добие првото засилување, на Камп Ноу пристигнува Сержињо Дест. Баерн Минхен подолго време се обидуваше да го купи Американецот, но Барса успеа да ја добие битката.

„Каталонците“ со Ајакс си подале рака за трансфер вреден 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси и останува уште да се испеглаат деталите,

19 годишниот десен бек ќе биде замена за Нелсон Семедо, кој се сли во Вулверхемптон.

Португалецот прави трансфер на „Молињу“ вреден 30 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.