24фудбал

Тиаго Алкантара објасни зошто одбил да го допре знакот „Ова е Енфилд“ пред излезот на теренот

Тиаго Алкантара не го допре знакот „Ова е Енфилд“ кој е поставен пред да се излезе на теренот од потрибинските простории, фудбалерот има логично објснување.

Англија

Алкантара од својот сонародник Фернандо Торес разбрал дека знакот може да се допре само откако освоиш трофеј со Ливерпул, тоа е традиција. Затоа за време на претставувањето тој одби да го допре тој свет симбол за црвените.

„Еднаш слушнав од Фернандо Торес и запаметив. За да го допреш освој симбол треба да го заслужиш тоа со освојување на трофеј и затоа овој пат не го допрев. Ќе ја почитувам оваа традиција“, вели Алкантара.

Јирген Клоп во 2015 година кога дојде во Ливерпул, потенцираше дека треба да се внимава на традицијата, им забрани на играчите да го допираат знакот пред да освојат некој трофеј.

„Им кажав на моите фудбалери да не го допираат знакот „Ова е Енфилд“ додека не освојат нешто. Тоа е знак на почит“, изјави тогаш Клоп.

Во меѓувреме Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и Премиерлигата, па фудбалерите кои учествуваа во тој успех го допираат знакот пред излегување на Енфилд, но тоа не може да го направи и Алкантара.