24фудбал

„Што ќе им е Ван де Бек кога ги имаат Погба и Фернандеш“, има ли Јунајтед трансфер стратегија

Питер Крауч го критикува преодниот рок на Манчестер јунајтед, вели дека наместо да купат играчи на позиции на кои им треба засилување, тие ангажираат фудбалери какви што веќе имаат во составот.

Англија

Манчестер јунајтед има лош преоден рок, го купија само Ван де Бек, но за него засега нема место во првиот тим бидејќи средниот ред го држат Пол Погба и Бруно Фернандеш. Клубот не донесе засилувања на позициите на кои им требаа, се уште се надеваат дека ќе го добијат Санчо, но изгледите за тоа не се оптимистички.

Пистер Крауч кој е во пензија и повремено се јавува како фудбалски критичар, се чуди на преодниот рок на Јунајтед, вели дека изгледаат како да немаат стратегија.

„Имав големи надежи за Јунајтед ова лето, но уште еднаш тие ме оставија збунет поради начинот на кој се однесуваат во преодниот рок“, вели Крауч.

„Изгледа како да купуваат добри фудбалери каков што е Дони ван де Бек, но и изгледа како да немаат стратегија. Доколку ги имате Пол Погба и Бруно Фернандеш, што ќе ви е Ван де Бек?“.

„Зошто не тргнаа по напаѓач, пример по Раул Хименез од Вулверхемптон?“.

„Потребно им е засилување во дефанзивата, зошто се фокусираат на Санчо наместо да побараат партнер за Хери Мегваер. Санчо е сензационален фудбалер, да не се сфатиме погрешно, но колку би го унапредил тоа што го прават Марсијал, Рашфорд и Гринвуд? Сите тие можат да окупираат исти позиции. 115 милиони фунти би било подобро да се инвестираат во други позиции“.