24фудбал

Тоти се враќа во Рома?

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Франческо Тоти ќе се врати во Рома на позицијата потпретседател или технички директор.

Италија

Весникот пишува дека Тоти бил во контакт со извршниот директор на клубот, Гуидо Фиенга а тема на разговорите била негово враќање во Тома.

По случајот со Амаду Диавара, новото раководство на Рома сака реорганизација на функциите и во Тоти гледа човек кој ќе има позитивно влијание врз тековите во клубот.

Легендата на Рома не беше во добри односи си претходните сопственици, но откако тоа се промени, подготвен е да се врати во клубот каде ја помина целата кариера.