24фудбал

Емотивно збогум: Суарез со солзи во очите заминал од Барселона (ВИДЕО)

Луис Суарез утрово го одработил последниот тренинг со Барселона, Уругваецот потоа го испразнил шкавчето и се збогувал со соиграчите.

Шпанија

Во следните часови се очекува официјална потврда за трансферот на Луис Суарез во Атлетико Мадрид откако синоќа начелно беше постигнат договор.

Уругваецот утрово го одработил последниот тренинг со Барселона, а на крајот се збогувал со соиграчите и ги испразнил шкавчевот. Имало многу емоции, Луис Суарез со соли во очите си заминал.

Новинарите кои чекаат пред портите на тренинг центарот на Барселона го уловија неговото заминување, и од изразот на неговото лице јасно е дека на напаѓачот не му е лесно што по шест години го напушта Камп Ноу.