24фудбал

Коронавирус во Милан, Дуарте позитивен на тестирањето

Милан потврди дека Лео Дуарте е позитивен на тестирањето за ковид-19, а Бразилецот сега се наоѓа во самоизолација откако одигра 18 минути во победата против Болоња, „Росонерите“ повторно ќе се тестираат пред утрешниот меч против Бодо во Лига Европа.

Италија

Милан пред два дена славеше со 2-0 против Болоња на домашен терен во воведното прво коло од новата сезона во италијанската Серија А, меѓутоа по два дена од тој меч пристигнаа лоши вести од клубот.

Од таборот на клубот од Милано потврдија дека Лео Дуарте, кој на мечот против Болоња во игра влезе на местото на Кјаер во 72. минута е позитивен на тестирањето за коронавирус, па така Бразилецот сега е во самоизолација.

„Милан објавува дека фудбалерот Лео Дуарте е позитивен на тестирањето за коронавирус кое беше извршено во текот на вчерашниот ден, сега тој е во домашна изолација“ стои во соопштението на клубот во кое се додава дека сите останати членови се негативни на тестирањето.