24фудбал

Атлетико Мадрид потврди, постигнат е договор со Барса за Луис Суарез!

Веќе нема никакви дилеми, Луис Суарез ќе биде нов напаѓач на Атлетико Мадрид, клубот потврди дека постигнале договор со Барселона.

Шпанија

Иако и претходно се знаеше дека Луис Суарез ќе биде ново засилување на Атлетико Мадрид, сега стигнува официјална потврда и од клубот.

„Атлетико Мадрид и Барселона постигнаа договор за трансфер на Луис Суарез, фудбалерот треба да ги помине медицинските прегледи и да го потпише договорот со нашиот клуб“, се вели во соопштението на Атлетико Мадрид.

Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид нема да плати класично обесштетување на Барселона, туку сума од околу 2-3 милиони евра во бонуси од настапите на Уругваецот.