24фудбал

Ди Марија откри како се обидувал да го убеди Лео Меси да се пресели во ПСЖ

Анхел Ди Марија вели дека веднаш стапил во контакт со Лео Меси по информацијата дека напаѓачот сака да замине од Барселона, му покажал како ќе изгледа стартниот состав на ПСЖ доколку тој пристигне во Париз.

Франција

Минатиот месец, Лео Меси достави итен допис до Барселона и побара да замине беспари од Камп Ноу. Со денови имаше гласини за тоа каде Аргентинецот би можел да ја продолжи кариерата, а Манчестер Сити се посочуваше како главна дестинација.

Имаше и гласини за преселба во ПСЖ, медиумите пишуваа дека неговиот сонародник Анхел Ди Марија го врбувал да го одбере Париз.

Фудбалерот на „светците“ сега потврди дека стапил во контакт со својот сонародник и објасни како се обидувал да го убеди Лео Меси да се пресели во ПСЖ.

„Кога дознав дека не сака да продолжи во Барса, веднаш му пишав на Инстаграм и му пратив слика како ќе изгледа стартниот сотав на ПСЖ со Меси“ – вели Ди Марија.

Анхел Ди Марија сепак нема да игра покрај Лео Меси во Париз, барем не оваа сезона. Барселона одби да се раздели со својата прва ѕвезда под образложение дека клаузулата за прекин на соработката истекла, не сакаше да слушне ниту за трансфер за пристојна сума, па фудбалерот реши да го повлече барањето и да ја одработи последната година од договорот.