24фудбал

Мурињо се сликаше со македонскиот новинар, а Тотнем се пофали и на социјалните мрежи со гестот на Португалецот (ФОТО)

Синоќа експедицијата на Тотнем пристигна во Скопје, а една од првите работи кои ги направи Жозе Мурињо е исполнување на ветувањето кое му го даде на македонскиот новинар Игор Александровиќ.

Македонија

На вчерашната прес-конференција на Тотнем, македонскиот новинар од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ побара да се слика со Жозе Мурињо бидејќи неговиот починат татко бил голем фан на Португалецот.

Мурињо му вети дека ќе му ја исполни желбата кога ќе пристигне во Скопје и тоа се случи.

Игор Александровиќ ја доби фотографијата со Жозе Мурињо, а Тотнем со гестот на Португалецот се пофали и на социјалните мрежи.