24фудбал

Суарез: Кога дојдов во Барса ми рекоа да се пазам од Меси... а ние креиравме спектакуларно партнерство

Луис Суарез открива дека бил предупреден да се пази од Лео Меси кога пристигнал во Барселона, но тој и Аргентинецот одлично се разбирале и креирале спектакуларно партнерство.

Шпанија

Уругваецот попладнево се збогуваше од Барселона, а на средбата со медиумите, доби неколку прашања за Лео Меси, неговиот партнер од нападот но и голем пријател.

„Кога пристигнав во Барса ми рекоа да се пазам од Меси, и тој бил напаѓач... а ние креиравме спектакуларно партнерство. Многу работи се измислени. Горд сум на она што го постигнавме“ – вели Луис Суарез.

Запрашан дали разговарал со Лео Меси за трансферот во Атлетико и дали добил совет, тој додава: „Лео знае што мислам, а и јас добро знам што тој мисли. Доволно сме возрасни за совети“.

„Малку му е чудно што ќе одам во директен ривал, но ништо нема да се промени во нашиот однос. Веќе имам играно против него во дресот на репрезентацијата, па остануваме пријатели“.

Лео Меси исто така се поврзуваше со заминување, но Аргентинецот на крајот реши да остане на Камп Ноу.

„Беше луд месец, многу работи беа измислени, прострјуваа вести кои не беа вистините, па бев малку гневен, но сите знаат каков е мојот однос со Лео“.