24фудбал

Бартомеу посакува посебна разделба на Суарез со Барса, со навивачи на трибините

Искусниот уругвајски напаѓач постигна 197 погодоци за Барселона во 283 настапи за тој клуб по трансферот од Ливерпул во 2014. година, со тоа што стана трет најдобар стрелец во историјата на клубот од „Камп ноу“.

Шпанија

Иако се шпекулира дека односите помеѓу Луис Суарез и првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу не се на некое позитивно ниво, сепак, претседателот на Каталонците изрази желба дека кога би се стабилизирала ситуацијата со пандемијата, Уругваецот ќе има можност на посебен начин да се збогува со клубот.

Како што е познато, Суарез се сели во редовите на ривалот Атлетико Мадрид откако од страна на новиот тренер Роналд Куман му беше укажано дека не е во плановите, па така потпиша две годишен договор со „Јорганџиите“.

Би сакал да имаш посебен меч за збогување со клубот, со тоа што би можел на вистински начин да се збогуваш и со навивачите, кога пандемијата ќе дозволи такво нешто на стадионите“ рече Бартомеу.

Сакам посебно да ја истакнам твојата заложба за клубот, твојот карактер, борбеност и победнички дух, ти благодарам за изминатите шест години, се надевам дека твојата лична и професионална иднина е добра, како што беше досега, сакам да бидеш среќен на теренот и вон него, Барса е твојот дом засекогаш“ додаде првиот човек на Каталонците во пораката до Суарез.