24фудбал

Ибрахимовиќ: Ковид собрал храброст да ме предизвика, лоша идеја (ФОТО)

Шведскиот ветеран нема да биде во комбинација за вечерашната пресметка со Бодо во Лига Европа поради фактот што е заразен со коронавирус.

Италија

По Лео Дуарте, Златан Ибрахимовиќ е вториот фудбалер на Милан кој изминативе денови е позитивен на тестирањето за коронавирус, откако првично во таборот на „Росонерите“ тестирања беа извршени завчера, за повторно да следи нов бран тестирање поради настапот во Лига Европа.

Бев негативен на тестирањето за ковид вчера, а позитивен сум на тестирањето денеска. Немам никакви симптоми, Ковид има храброст да ме предизвика мене. Лоша идеја“ напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.


Ибрахимовиќ имаше одличен старт на новата сезона во Италија откако ги постигна двата гола за Милан во победата против Болоња, очекувањата се Швеѓанецот да паузира и на дуелите со Кротоне и Специја, но доколку се'  мине како што треба, ќе биде подготвен за дербито со Интер на 17. октомври.