24фудбал

За да дознае нешто повеќе за Шкендија, Мурињо му се јавил на Пандев

Вечерва со почеток од 20 часот на арената „Тодор Проески“ Шкендија на домашен терен го пречекува составот на Тотнем во рамките на третото квалификациско коло за групната фаза од Лига Европа.

Македонија

Тотнем на својот официјален клупски сајт објави пет клучни елементи како најава за дуелот со Шкендија, во кои посебно интересен е оној каде Жозе Мурињо открива дека за да дознае нешто повеќе за македонскиот противник разговарал и со Горан Пандев, со кого соработуваа во Интер.

Ги анализиравме, дури и му се јавив на мојот поранешен фудбалер Горан Пандев, бидејќи тој е сопственик на Академија Пандев, клуб кој играше против Шкендија претходниот викенд. Добро го познавам стадионот, тука бев дел од европскиот Супер куп“ рече шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот.

Би рекол дека гледам слично ниво на игра како бугарските противници (Локомотив Пловдив), ние сме подобри, но мораме да постигнеме погодоци, да бидеме подобри на теренот од нив“ додаде Португалецот кој притоа се осврна и на тоа колку ваквите натпревари се големи за земји како нашата.

Ова се навистина големи моменти за овие држави, одлични моменти за овие клубови и фудбалери кои имаат можност да играат против клуб како Тотнем, да играат против фудбалери кои ние ги имаме, фудбалери кои ги гледаат на телевизија, чувствувам жалење поради тоа што стадионот ќе биде празен, жалам бидејќи точно знам колку би било едно неверојатно искуство за сите љубители на фудбалот тука“ заклучи Мурињо.