Категорија: Лига Европа 24.09.2020 23:09
Тотнем со триумф од 1-3 си замина од Скопје и се пласираше во плеј-офот од Лига Европа. По крајот на натпреварот, Жозе Мурињо откри интересен момент. На загревањето, Џо Харт и Хуго Лорис се пожалиле дека голот е помал, „спарси“ реагирале кај делагатот на УЕФА, па на теренот биле поставени нови голови.
„Пред почетокот на мечот имаше смешна ситуација, голманите ми кажаа дека голот е помал. Јас самиот отидов да се уверам, и навистина беше помал. Па веднаш го известивме делегатот и тој утврди дека голот е за 5цм помал. Па побаравме головите да бидат заменети и да бидат поставени голови со правилни димензии“ – отрки „специјалниот“ на пресконференцијата.
Тој за ова објави и на неговиот Инстаграм профил, каде на шала напиша: „Мислев дека сум пораснал, испадна дека головите се 5цм помали“.