24фудбал

Ѓока: Горд сум на моите играчи, одигравме добар натпревар против силен противник

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока е задоволен од изданието на неговите играчи во дуелот со Тотнем, вели дека во добар дел од мечот биле и подобри од противникот.

Македонија

Шкендија го доживеа очекуваниот пораз, не успеа да направи изненадување против Тотнем, но скапо ја продаде својата кожа.

„Задоволен сум од играта и пристапот на моите играчи, имавме добра транзиција, добро игравме со топка. Постигнавме и еден гол, можевме и втор. Добивме многу од овој дуел, игравме рамноправно во голем дел од мечот, на моменти бевме и подобри. Можам да кажам дека сум горд на моите играчи“, вели Ѓока.