24фудбал

Јувентус и понудил на Барса нова трампа, Даглас Коста за Дембеле, но...

Од Италија стигнаа информации дека Јувентус го нуди Даглас Коста на Барселона за ангажман на Дембеле, но во Шпанија пишуваат дека тоа нема да се случи.

Шпанија

Јувентус го понудил Даглас Коста и во преговорите за Артур, но од Барселона сметаат дека овој фудбалер не им врши работа.

Даглас Коста има 30 години, подложен е на повреди, со нив се бореше и во Шахтар и во Баерн.

Минатата сезона одигра 29 натпревари, но речиси секогаш влегуваше од клупата за резерви, иако учинокот не му е лош за времето поминато на терен (1,084 минути, три гола и седум асистенции).

Јувентус се труди да го продаде Коста, покрај на Барселона тие го понудиле и на Манчестер јунајтед и на Вулверхемптон.

Според „Спорт“, Дембеле сака конечно да успее во Барселона, па му рекол не и на Клоп кој сакал да го донесе во Ливерпул.