24фудбал

Нејмар, Фабрегас, Алвеш и Ето му се придружија на Меси во нападите кон Бартомеу: Елеганцијата не се купува!

Неколку поранешни фудбалери на Барселона застанаа зад Лео Меси и постот на Аргентинецот со кој се критикува Жозеп Мариа Бартомеу и раководството на клубот за начинот на кој Луис Суарез замина.

Шпанија

Лео Меси денеска се огласи на социјалните мрежи за да се збогува со Луис Суарез, кој по шест години на Камп Ноу се сели во Атлетико Мадрид. Во фокусот на медиумите е делот со кој Аргентинецот го нападна Жозеп Мариа Бартомеу и раководството на клубот.

„Не заслужи вака да бидеш избркан, но веќе ништо не ме изненадува“ - порача Лео Меси.

Неговиот пост предизвика реакции а се огласија и неколку поранешни фудбалери на Барселона.

„Неверојатно како работи раководството“ - напиша Нејмар во коментар и стави емоџи за да ја покаже својата фрустрација.

Сеск Фабрегас даде аплауз на коментарите, а Дани Алвеш порача: „За жал вакви работи се случуваат долго време. Не се работи за победи или порази, го знаеме тоа, се работи за почит и тие немаат почит“.

Самуел Ето додаде: „Елеганцијата не се купува“.