24фудбал

Атлетико Мадрид го претстави Суарез (ФОТО)

33 годишниот уругвајски напаѓач заврши со Барселона и потпиша две годишен договор со ривалот на Каталонците, Атлетико Мадрид.

Шпанија

Атлетико Мадрид и официјално го претстави Луис Суарез во засилување во својот состав, а Уругваецот потпиша две годишен договор со „Јорганџиите“, по шесте минати години во дресот на ривалот Барселона.

Му посакуваме добредојде во нашиот тим на еден од најдобрите светски докажани напаѓачи, кој го дава максимумот од себе на теренот, а веќе го докажа својот квалитет на натпреварите претходно на високо ниво, добредојде Луис!“ стои во објавата на официјалниот клупски сајт на Атлетико Мадрид.

Суарез одигра 191 меч за Барселона на кои постигна и 147 погодоци, а беше пред трансфер во Јувентус изминатиов период, трансфер кој пропадна поради компликациите Уругваецот да добие италијански пасош.