24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Ќе продолжи ли Сон во ист ритам?

Пред нас е третото коло во новата сезона од Премиерлигата, а илјадници натпреварувачи на Фантази сигурно со нетрпение ги очекуваат новите возбудувања, прилично изненадувачки поминаа воведните две кола.

Останато

Добредојдовте во новата анализа од едицијата „24фудбал скаут фантази“ како помошна алатка за сите натпреварувачи на Фантази Премиерлигата која брои близу седум милиони натпреварувачи ширум светот, од кои над седум илјади се од нашата земја.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во воведниот дел посебен акцент ставаме на случувањата од претходно коло, а пропадна можноста да се дојде до максимални бодови од Лука Дињ од Евертон кого посебно го издвоивме во пресрет на дуелот со ВБА, кој „Карамелите“ го добија, но со 5-2, или со два примени гола во сопствената мрежа и без дополнителен допринос од страна на францускиот бек.

Претходната анализа: Дињ едобитната комбинација за ова коло

Сепак, радува клин-шитот на Метју Рајан од гостувањето кај Њукасл, наведовме дека одлична е опцијата да го ротирате голманот на Брајтон со Алекс МекКартни од Саутемптон, што во второто коло се покажа како одлична тактика, а не така скапа.

Понатаму, радува и брзото адаптирање на Тимоти Кастањ од Лестер кој во моментов е четврти на општата листа на фудбалери со најмногу бодови од првите две кола, Белгиецот претходното коло запиша девет бода откако реализираше две асистенции во победата против Барнли од 4-2.

Дополнително, од составот кој го препорачавме, Кевин Де Брујне запиша 13 бода во победата од 1-3 кај Вулверхемптон, Белгиецот постигна гол и асистенција, а Хамес Родригез запиша 12 бода во победата од 5-2 против Евертон, каде постигна идентичен учинок. Се потврдија и очекувањата од мошне евтината варијанта во нападот, Александар Митровиќ од Фулам кој со двата гола во поразот кај Лидс од 4-3 беше и играч на мечот со што заработи максимални три бода бонус, а генерално освои 12.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред самата селекција на фудбалери за третото коло, најнапред ќе се осврнеме и на актуелната ситуација со трансферите, а најкупуван, сосема очекувано е напаѓачот на Евертон, Калверт-Луин кој во два меча досега постигна вкупно четири погодоци. По него, на оваа листа следат Сон од Тотнем, а водечката тројка ја комплетира Хамес Родригез од Евертон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Се потврдија очекувањата дека Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал ќе му биде укажана доверба за воведните две кола, за потоа Габонецот да биде ротиран со некоја друга опција, па токму тој е најпродаваниот фудбалер за претстојното коло, по него следи повредениот Алан Сент-Максимин од Њукасл кој во пресрет на новата сезона беше еден од најкупуваните, со оглед и на неговата одлична цена, а водечката тројка на оваа листа ја заокружува Тимо Вернер, напаѓачот на Челси кој со својата висока цена успеа да запише само една асистенција досега.


Веќе неколку пати и во пресрет на новата сезона наведовме дека Рајан и МекКартни се најдобрите две опции за голманската позиција со што ќе можете да ротирате исклучително евтини голмани во зависност од натпреварот во колото. За ова, го препорачуваме Алекс МекКартни (4.5) од Саутемптон кој викендов гостува кај Барнли.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Њукасл доживеа тежок пораз од 0-3 на домашен терен против Брајтон, па веруваме дека составот на Стив Брус за момент ќе биде во криза, па иако несигурен во одбраната, ќе му дадеме апсолутна фаворитска улога на Тотнем за овој меч на домашен терен, а тука ќе го препорачаме Метју Доерти (6) кој знае во голема мера да влијае во офанзивниот дел од играта на својот тим.

Иако под знак прашалник е дали ќе дебитира уште викендов, Нелсон Семедо (5.5) веруваме дека ќе биде големо засилување за Вулверхемптон во новата сезона, дополнително, очекуваме да игра нешто понапред од својата природна десна бековска позиција, па тука би ризикувале со овој избор, ако се земе во предвид дека по гостувањето кај Вест Хем ова коло, Вулверхемптон има одличен распоред во продолжението.

Чарли Тејлор (4.5) од Барнли има одлична цена која ветува многу, иако неговиот тим загуби со убедливи 4-2 кај Лестер во претходното коло, дефанзивецот со својата асистенција на крајот запиша три бода, а со оглед на фактот што викендов на домашен терен пред себе го има Саутемптон, очекуваме доста тврд натпревар во играта на обете екипи, односно можност за клин шит дури на обете страни.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Доста интересна е ситуацијата со тоа што се случи претходното коло со Сон (9) од Тотнем, илјадници натпреварувачи го продадоа во пресрет на гостувањето кај Саутемптон по очајното издание во минималниот пораз на домашен терен против Евертон, за Кореецот да блесне со четири погодоци, ова коло пред себе го има „разнишаниот“ Њукасл што е можност за нови бодови на неговото конто. За Сон ќе додадеме и дека беше клучен во победата на Тотнем кај нашата Шкендија со 1-3 во Лига Европа, каде Кореецот запиша две асистенции и еден гол.

Хамес Родригез (7.6) од Евертон е третиот најкупуван фудбалер за ова коло, барем до моментов, откако Колумбиецот импресионираше во дебито во првото коло, за веќе во второто да запише 12 бода по голот и асистенцијата во победата кај ВБА. Викендов Евертон гостува кај мошне стабилниот Кристал Палас, но, како и да е, веруваме дека Колумбиецот освен за ова коло, е одлично решение и за подолг рок.

Мохамед Салах (12.1) тргна со хет-трик во новата сезона во победата против Лидс на домашен терен, меѓутоа Египјанецот беше во сенка на Мане во гостинската победа кај Челси, сепак, за дуелот против Арсенал на домашен терен ќе му дадеме предност во однос на Сенегалецот.

Не се ни сомневаме дека многумина ќе се сомневаат во нашиот следен избор, меѓутоа силно веруваме дека хет-трикот во купот ќе значи целосно опуштање на Каи Хаверц (8.4) од Челси и конечно можност да покаже што знае и умее со топката, тоа ќе има можност да го стори на гостувањето кај ВБА.

Иако тргна со пораз од Кристал Палас на домашен терен, веруваме дека Манчестер јунајтед штом тргне, ќе биде во исклучително поволна ситуација, викендов „Црвените ѓаволи“ гостуваат кај Брајтон, а ние имаме една добра алтернативна опција за Бруно Фернандеш, тоа е Маркус Рашфорд (9.5).

Фил Фоден (6.5) ги одигра сите 90 минути во победата на Манчестер Сити кај Вулверхемптон, а освен тоа постигна и еден од погодоците. Иако стравуваме од големата неизвесност која ја носи Пеп Гвардиола со своите големи ротации во тимот, сепак,. фактот што Фоден има доста ниска цена, а има голема можност за докажување покрај такви ѕвезди во составот на „Граѓаните“, ќе му ја укажеме довербата за дербито со Лестер на домашен терен.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Капитенот на Фулам, Александар Митровиќ (6) е една од најдобрите, ако не и најдобра опција за нападот претстојново коло, дополнително мотивира неговата ниска цена, особено ако се земе во предвид дека викендов на домашен терен игра против Астон Вила. Србинот претходното коло постигна два гола во поразот кај Лидс, а беше прогласен и за играч на мечот по пропозициите на Фантази Премиерлигата, со тоа што генерално запиша одлични 12 бода.

Патрик Бамфорд (5.7) тргна со ниска цена од 5.5 во новата сезона, но напаѓачот на Лидс успеа да погоди во првите две кола по еден гол, а притоа да запише дополнително и една асистенција, со што во моментов е најдобриот „поентер“ во својот тим кој игра одлично во воведниот дел од сезоната со доста отворен и офанзивен фудбал. Викендов Лидс гостува кај „разнишаниот“ Шефилд Јунајтед.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad


Предлог состав: МекКартни (4.5); Доерти (6), Семедо (5.5).Тејлор (4.5); Сон (9), Родригез (7.6), Салах (12.1), Рашфорд (9.5), Фоден (6.5);  Митровиќ (6), Бамфорд (5.7)

Капитен: Сон

Заменик-капитен: Митровиќ

 

Традиционално, на крајот ќе завршиме со актуелната ситуација на табелата во генералната лига на Македонија, како и онаа на „24фудбал“, а интересно е тоа што на обете табели имаме ист лидер.

Живко Тасев со досегашни освоени 200 бода е лидер како во Македонија општо гледано, така и на табелата во лигата на „24фудбал“, имате можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.


Среќко до сите натпреварувачи во третото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: unckad