24фудбал

Мидо: Сакам да видам како Куман ќе реагира на зборовите на Меси, јас кога бев во Ајакс...

Славниот египетски фудбалер, Ахмед Мидо не е фан на Роналд Куман, имал проблем со холандскиот стратег во Ајакс, па својата ситуација ја споредува со изјавата на Меси за Суарез.

Шпанија

Еден од првите потези кои Куман ги направи во Барселона е тоа што му се заблагодари на Суарез и му рече дека веќе не му е потребен на тимот. Уругваецот на задна врата замина во Атлетико Мадрид, а Меси синоќа распали по раководството на клубот.

Кога Мидо како 18 годишник во Ајакс рекол нешто за тимот, веднаш бил избркан од Роналд Куман, па поранешниот египетски фудбалер сака да види дали Холанѓанецот ќе има реакција и кон Меси.

„Сакам да го видам одговорот на Куман за зборовите на Меси за Луис Суарез. Куман ме масакрираше и нареди Ајакс да ме продаде бидејќи зборував во медиумите за тимот, иако имав само 18 години. Се разбира, не се споредувам јас со Меси, но денешниот негов потег ќе ми докаже многу работи кои посакав времето да ми ги каже“, вели Мидо.