24фудбал

Играч на Барса со автогол и црвен му подари победа на Реал Мадрид против Бетис (ВИДЕО)

Реал Мадрид со пресврт во вториот дел стигна до триумф од 2-3 на гостувањето кај Бетис, трагичар е фудбалерот на Барселона, Емерсон кој си постигна автогол и заработи црвен.

Шпанија

„Кралевите“ со три бода се враќаат од незгодното гостување на „Виљамарин“, со пресврт во вториот дел, Реал Мадрид славеше над Бетис со 2-3.

Гостите поведоа преку Валверде во 14. минута, но се повлекоа, Бетис притисна и во период од две минути, домаќините го свртеа резултатот во своја корист. Најпрво Манди изедначи на 1-1, за Карваљо да реализира за 2-1.

На стартот од вториот дел, фудбалерот на Барселона, Емерсон си постигна автогол и придонесе Реал брзо да се врати во игра. Дваесетина минути подоцна, десниот бек доби црвен картон откако го спречи Јовиќ во шанса за гол.

Како ова да не беше доволно, екс-фудбалерот на Барселона, Марк Бартра во финишот играше со рака во сопствениот шеснаесетник, па Рамос од пенал погоди за 2-3 и победа.

ВАР беше прилично инволвиран, два пати пресече дека нема офсајд (авготолот на Емерсон и акцијата по која Бразилецот беше исклучен) а помогна и судијата да покаже на белата точка за потегот на Бартра.