24фудбал

Гостинска победа за Барди и Леванте (ВИДЕО)

По поразот од Валенсија, Леванте дојде до првиот триумф во Примера оваа сезона откако со 3-1 победи на гостувањето кај Осасуна, Барди беше стартер на мечот.

Шпанија

Енис Барди очекувано го почна натпреварот на Леванте, во игра излезе во 74. минута при резултат од 1-1.

Резултатот беше отворен во 38. минута кога Торес погоди за водство на Осасуна од 1-0, но само три минути подоцна Мелеро со прекрасен погодок изедначи на 1-1.

Во 69. минута Роџер Марти промаши пенал, но осум минути подоцна со постигна гол се искупи и му донесе водство на Леванте од 2-1.

Во 81. минута Моралес го постави конечниот резултат од 3-1.