24фудбал

Со свој камен по глава, Баерн доби лекција од Хофенхајм и загуби по 295 дена (ВИДЕО)

Големо изненадување во Бундеслигата, Хофенхајм го надигра Баерн Минхен и славеше со убедливи 4-1, за „баварците“ ова беше прв пораз по речиси десет месеци.

Германија

Баерн Минхен моќно ја отвори новата сезона од Бундеслигата и славеше со 8-0 над Шалке, многумина уште тука помислија дека е јасно кој ќе биде нов шампион на Германија, но „баварците“ се сопнаа веќе во второто коло.

Попладнево, Хофенхајм го надигра Баерн Минхен и славеше со убедливи 4-1. Себастијан Хенес, кој минатата сезона го предводеше резервниот тим на „баварците“ постави одлична игра и го надмудри Ханси Флик.

Резултатот беше отворен во 16. минута, по едерн корнер, Бичакчиќ скокна највисоко и донесе предност од 1-0. Во 24 минута, Дабур ја искористи високата одбрана на гостите, се најде осамен пред Нојер и лобуваше за 2-0.

Во 36. минута од мечот, Кимих намали на 2-1 и најави неизвесно продолжение.

Сепак, Крамариќ во 77. минута зголеми на 3-1, а истиот фудбалер во судиското надополнување погоди од белата точка за конечни 4-1.