24фудбал

Мурињо не остана покус: На Солшер му се важни димензиите на шеснаесетникот, преферира тие да бидат 20 метри!

Жозе Мурињо не ја премолчи шегата на Оле Гунар Солшер, вели дека тренерот на Манчестер јунајтед преферира шеснаесетникот да биде 20 метри, алудирајќи на огромниот број пенали кои ги добија „ѓаволите“ минатата сезона.

Англија

„Специјалниот“ беше хит по гостувањето во Скопје откако откри дека головите на арената „Тодор Проески“ биле за 5цм помали. Случката стигна и до Оле Гунар Солшер, кој реши да се пошегува.

„Среќа Жозе не беше тука да ги измери головите, во спротивно ќе имавме многу проблеми“ - изјави тренерот на Манчестер јунајтед откако фудбалерите на Брајтон дури пет пати ја погодија рамката од голот.

Жозе Мурињо не премолчи, па денеска испрати зајадлив коментар.

„Оле вчера беше пресреќен и изненаден од тоа што се случи со неговиот тим, па се пошегува на моја сметка. Јасно ми е дека не му се важни димензиите на голот, него го интересираат димензиите на шеснаесетникот. Преферира да игра на терен каде шеснаесетникот е 20 метри“ - порача тренерот на Тотнем, алудирајќи на огромниот број на пенали кои ги добија „ѓаволите“ минатата сезона, кога во нивна корист беа досудени дури 14 најстроги казни, рекорд за Премиерлигата.