24фудбал

Наполи ја понижи Џенова, гол на Елмас, Милан победува и без Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Наполи со фантастични 6-0 ја победи Џенова, а еден од погодоците беше дело и на нашиот Елиф Елмас, Милан со 2-0 победи на гостувањето кај Кротоне.

Италија

Елиф Елмас го доби македонското дерби против Горан Пандев, тој го постигна и својот втор гол во Серија А.

Двајцата наши репрезентативци мечот го почнаа од клупата за резерви, но Елмас влезе уште во 22. минута наместо повредениот Лоренцо Инсиње. Пандев во игра влезе во 55. минута.


Наполи поведе уште во десетата минута со гол на Лозано, а вистинското гол шоу следуваше во второто полувреме во кое постигнаа дури пет погодоци.

Зиелински зголеми на 2-0, Мертенс погоди за 3-0, Лозано го постигна својот втор гол за 4-0, Елмас со мајсторски погодок зголеми на 5-0, а Политано ги постави конечните 6-0.

Милан продолжува да победува и без Ибрахимовиќ кој е во изолација бидејќи е позитивен на ковид-19. Росонерите со 2-0 славеа кај Кротоне.

Во судиското продолжение од првиот дел Кеси од пенал погоди за 1-0, а по пет минути игра во вториот дел новото засилување Диаз ги постави конечните 2-0 за Милан.