24фудбал

Сон се повреди, ќе биде во аут одредено време

Ѕвездата на Тотнем, Хеунг Мин Сон ќе ги пропушти следните натпревари поради повреда на тетивата.

Англија

Сон во првото полувреме прво ја погоди стативата, а потоа пречката од голот на Њукасл, блиску беше до постигнување на нов погодок, но на полувремето остана во соблекувалната.

Мурињо потврди дека причина за замената е повреда на Сон.

„Се работи за повреда. Ќе бидеме без него извесен период. Се работи за повреда на тетивата“, изјави Мурињо по мечот.