24фудбал

Диего Коста за новиот соиграч Суарез: Супер е, тој гриза, јас клоцам!

Со доаѓањето на Луис Суарез се зголеми бројот на „лоши момци“ во составот на Диего Симеоне кој и самиот важи за таков.

Шпанија

Луис Суарез имаше фантастично деби во дресот на Атлетико Мадрид, одигра 20 минути и успеа да постигне два гола и асистенција.

Серијата погодоци против Гранада ја отвори Диего Коста кој беше запрашан што мисли за неговото партнерство со Луис Суарез.

„Ми се допаѓа Луис Суарез. Навистина е добар, едниот од нас гриза, другиот клоца“, вели Диего Коста.

„Не знам зошто Барселона го пушти, но тоа си е нивно“.

„Тој има воинствен дух за освојување титули, се надевам дека ќе им го дадеме тоа на фановите“.