24фудбал

Вест Хем го шокираше Вулвс, Руи Патрисио четири пати ја вадеше топката од мрежата (ВИДЕО)

Вест Хем изненадувачки, со убедливи 4-0 го победи Вулверхемптон и ја забележа првата победа оваа сезона во Премиерлигата.

Англија

По воведните два порази, Вест Хем дојде до победа и тоа не било каква, тимот на Дејвид Мојс кој од дома го следеше дуелот го победи одличниот Вулвс со 4-0.

Дејвид Мојс е позитивен на коронавирус па е во домашна изолација, беше најавено дека преку Зум ќе им држи говор на фудбалерите пред натпревари и на полувреме, очигледно тоа вродило со плод.

Боувен даде два гола, Халер еден, а еден погодок беше автогол на Хименез.