24фудбал

Јувентус со играч помалку се спаси од пораз против Рома, два гола на Роналдо (ВИДЕО)

Рома може да жали што не го победи Јувентус, водеше 2-1, имаше шанси и за поголема предност, имаше и фудбалер повеќе, но не успеа да ги освои трите бода, Кристијано Роналдо е спасителот на старата дама.

Италија

Јувентус беше блиску до пораз во дербито со Рома, Џеко можеше да го докрајчи шампионот, но на крајот Роналдо спасуваше.

Рома поведе со гол на Верету во 31. минута од пенал, во 44. минута Роналдо исто така со удар од белата точка изедначи на 1-1.

Но во следната минута Верету постигнува уште еден гол и го враќа водството на Рома, овој пат од 2-1.

По десет минути игра во второто полувреме Џеко се најде во фантастична позиција, и кога сите мислеа дека ќе реализира, тој ја погоди левата статива.

Во 62. минута маките на Јувентус се зголемија, Рабио за сосема непотребен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Веднаш потоа следуваше нова шанса на Џеко, овој пат му одбрани Шчесни, босанскиот фудбалер не реализира две идеални можности.

Казната стигна во 69. минута кога Роналдо со небесен скок погоди со глава за конечни 2-2.