24фудбал

Гвардиола прв пат како тренер прими пет гола па го нападна Лестер: Се бранеа, не сакаа да играат фудбал!

Пеп Гвардиола реши да го критикува Лестер откако „лисиците“ приредија големо изненадување и со убедливи 2-5 триумфираа на Етихад, Шпанецот вели дека гостите се бранеле длабоко и не сакале да играат фудбал.

Англија

Пеп Гвардиола за прв пат како тренер прими пет гола, попладнево Лестер славеше со 2-5 на гостувањето во Манчестер. По крајот на натпреварот, стратегот реши да ги нападне „лисиците“ и рече дека избраниците на Брендан Роџерс се бранеле длабоко, не сакале да играат фудбал и напаѓале преку контри.

„Не сакаа да играат фудбал, се бранеа длабоко и само напаѓаа преку контри. Првиот пат кога влегоа во шеснаесетникот погодија. Имаа три пенали, па ни беше тешко“ – вели Пеп Гвардиола.

„Тоа што не успевавме да креираме шанси не направи нервозни и нестрпливи“.