24фудбал

Куман: Не не интересира што прави Суарез, ниту ќе плачеме, ниту ќе се радуваме

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека нe треба да ги интересира што прави Луис Суарез и другите кои си заминале, и додава дека нема ниту да плачат, ниту пак да се радуваат на парформанците на Уругваецот.

Шпанија

Луис Суарез попладнево дебитираше во дресот на Атлетико Мадрид и за дваесетина минути поминати на теренот постигна два гола и забележа асистенција. Многумина се прашуваат како Барселона толку лесно се ослободи од напаѓачот, па вечерва неизбежни беа прашањата на оваа тема за Роналд Куман.

„Не треба да не интересира што правват другите, знаеме дека Луис Суарез е одличен фудбалер. Ниту ќе плачеме кога ќе постигнува голови, ниту пак ќе се радуваме кога нема да постигнува. Му посакувам се најдобро“ – вели Холанѓанецот.

Ерата на стратегот на кормилото на Камп Ноу започна со убедлива победа и одлична партија на тинејџерот Ансу Фати.

„Се работи за младо момче на кого му е потребна конзистентност во играта и перформансите. Покажа дека има блескава иднина и среќен сум за него, Одигра одлично, но треба да се подобри, да работи напорно секој ден. Добро е што сака да учи и да слушне совет“