24фудбал

Манчестер јунајтед преговара со претставниците на Канте

29 годишниот фудбалер има зелено светло од Челси да си замине, меѓутоа Сините од Лондон посакуваат и да се исполнат нивните финансиски барања, а од истите тешко дека ќе отстапат.

Англија

Манчестер јунајтед веќе започнал преговори со претставниците на НГоло Канте од Челси, известува „Мирор“, а веќе е познато дека Челси нема да му стои на патот на својот фудбалер доколку се исполнат нивните барања.

Од Челси се отворени за договор, шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер е голем обожавател на играта на Французинот и верува дека со него средниот ред на Манчестер јунајтед ќе добие дополнителен квалитет.

Претходно, во периодот кога Канте се поврзуваше со можен трансфер во Интер, медиумите објавија дека Челси поставил цена за Французинот во висина од цели 80 милиони фунти, се верува дека клубот од Лондон нема да отстапи од висока цена за негова продажба.

Канте во Челси пристигна во 2016. година по трансферот од Лестер, има активен договор со клубот од Лондон до 2023. година, па така, истиот е во одлична позиција во преговорите со заинтересираните страни за неговиот потпис.