24фудбал

Кутињо го издрибла и судијата, му ја протна топката меѓу нозе (ВИДЕО)

Бразилецот е во плановите на новиот тренер Роналд Куман, а во убедливата победа против Вилјареал успеа да запише една асистенција.

Шпанија

Барселона со 4-0 го доби дуелот на домашен терен против Вилјареал, а шоуто го украде Ансу Фати кој постигна два гола за Каталонците, меѓутоа на „Камп ноу“ имаше и една доста интересна ситуација.

Филипе Кутињо играше седо 70. минута кога беше заменет со Педри, во моментите кога веќе беше решен победникот, а Бразилецот успеа да го „надмудри“ и главниот арбитар на мечот откако успеа да ја протне топката низ неговите нозе, за играта да продолжи и понатаму.