24фудбал

Чиста фантазија! Дриблингот на Нејмар за кој зборува цела Франција (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Ремс, Мауро Икарди беше двоен стрелец но потегот на мечот го имаше Нејмар, Бразилецот изведе дриблинг кој претходно не е виден.

Франција

Откако одработи два натпревари суспензија за исклучувањето против Марсеј, Нејмар синоќа се врати во составот на Томас Тухел и беше прилично расположен за надигрување.

Во првото полувреме имаше извонреден продор, нанижа неколку противници, но за жал биеше крај голот. Во вториот дел, Бразилецот реши да извади нов трик од својот репертоар и изведе дриблинг кој претходно не е виден.

Противничкиот фудбалер остана збунет, коментаторите полудеа а потегот веднаш стана хит на социјалните мрежи.